Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски од средбата со МАТТО: Одличните политички односи со Турција се рефлектираат и во економската соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
16032022_PVRSM_sredba_MATTO-3

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, прими делегација на Стопанска комора Македонија - Турција, МАТТО предводени од претседателот на комората, Ајдован Адемовски.

— реклама —

На средбата премиерот Ковачевски ги потврди силните заложби на Владата на Република Северна Македонија да се продлабочи економската соработка со Република Турција и посочи дека на Стопанска комора Македонија - Турција МАТТО и на компаниите кои се нејзини членки гледа како на партнери за остварување на таа цел.

— реклама —

Премиерот Ковачевски најави дека во неговата агенда посетата на Република Турција е на високо место со цел традиционалното пријателство меѓу двете земји уште поинтензивно да се рефлектира низ зголемување на меѓусебната економската соработка и трговска размена којашто сега изнесува над 650 милиони евра.

— реклама —

Ковачевски на средбата рече дека во Северна Македонија веќе работат сериозен број на турски компании кои плаќаат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот, и порача дека тоа е добра порака за новите потенцијални инвеститори во Турција да се охрабрат и да дојдат во нашата земја.

— реклама —

На средбата беше најавено дека наскоро ќе следува дополнување на Планот за економски раст со нови поволности за поддршка на инвестициите особено во делот на капацитети од обновливите извори во енергетиката за што веќе постои голем интерес од компаниите од оваа дејност во Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања