Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Ковачевски од Струмица: Инвестираме во градинките како никогаш досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, беше во посета на Јавната установа –детски градинки „Виножито’’, во Струмица, најголемата изградена установа за ран детски развој во државата, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјални услуги и Светска банка.

— реклама —

Со премиерот Ковачевски, беа и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.

— реклама —

„Градинката „Виножито”, која ја изградивме овде во Струмица е најголемата установа за ран детски развој во нашата држава, изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика и Светска банка. И е најголемата изградена градинка во Струмица, во мандатот на оваа Влада и на министерката Јована Тренчевска, која што е изградена со вкупна вредност на инвестицијата од околу 2 милиона евра.

— реклама —

Децата, тука во „Виножито“, се уверив и лично дека престојуваат во современи услови за предучилишно образование, игра, раст и развој, како што беше предвидено. Градинката има услови за греење на гас. Постојано се инвестира. И следен чекор е инвестиција во сензорна соба, за да се зголеми опфатот на деца со попреченост. Згрижени се и предвидените, над 300 деца во оваа навистина голема, современа и прекрасно опремена градинка.


Со оваа градинка го решивме долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во Струмица и околината. Работиме, тука, да овозможиме услови за дополнителен персонал за да ги згрижиме и новозаинтересираните, станува збор за околу 40-тина деца, со што, на ниво на Општина Струмица, сите деца за кои има интерес, ќе ни бидат во градинките“, рече Ковачевски.



Како што вели тој, до крајот на 2023 година се планира да бидат отворени капацитети за уште 530 деца на ниво на држава.


„А, до крајот на 2024 година, предвидовме отворање на дополнителни, околу 1.700 места, за згрижување деца од предучилишна возраст“, рече Ковачевски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања