Промени тема
Контакт

Ковачевски откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-06-23-150124

Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ковачевски 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата.

Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една.

— реклама —

Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси.

— реклама —

Откако е фатен жив како преговарал и договорил предлог кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира.

Ковачевски не може повеќе да го лаже народот. Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата.

— реклама —

Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ немаат никаков основ да продолжат да ја водат владата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања