Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ковачевски: После 17 години чекање, отпочнавме преговори со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Да не заборавиме после 17 години чекање, отпочнавме преговори со ЕУ, од заробена држава денес сме демократска држава." - потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА.

Ние бевме според слободата на медиумите 138 место во светот, денес сме 38 место во светот. Тоа е благодарение на заложбите на Владата, на заложбите на политичките партии во Владата - медиумите да бидат слободни. Порано вести им редеа, самите се срамат кога ќе им го кажам тоа на ТВ, не го коментираат, затоа што знаат дека е така. Сега никој не им се јавува какво прашање ќе постават или нема да постават. – потенцираше Ковачевски.

— реклама —

Исчекор е направен и во борбата со криминалот и корупцијата, истакна Ковачевски, и тоа е потврдено од ТИ - Транспаренси интернешнл, бидејќи за 1 година, Северна Македонија напредуваше 9 места на скалата на земји во делот на борбата против криминалот и корупција.

— реклама —

„Тоа значи откривачката дејност на МВР, меѓутоа веројатно и судовите почнале и обвинителството поинтензивно да ги работат случаите. Тоа ние го потврдивме преку откривање на оние кои беа случаи нај, кои ја преокупираа најмногу јавноста, од ова грозоморно убиство што се случи во текот на изминатиот период и веднаш идентификување на сторителите, барање за нивна екстрадиција се до отпочнување за прв пат во историјата на Македонија во случајот на Онкологија каде што и обвинителство и судот можат независно да работат во делот на откривање на лицата кои тоа го направиле, бидејќи конечно мора да се идентификува кој го прекршил законот бидејќи ние не можеме да живееме во времето на ОЗНА, УДБА итн каде што врз основа на бланкетни основи се окривува некој а не знаете за што го окривувате. " – истакна претседателот Ковачевски во интервјуто за МИА, и порача: „-Точно треба да се знае кој за што се обвинува и кој што има прекршено во делот на одреден закон."

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања