Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски – Поуп: Северна Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
15062023_PVRSM_Sredba_1-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретна со Ејми Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (IOM).

— реклама —

Премиерот Ковачевски го честиташе изборот на Поуп, која треба да стапи на новата позиција од 1 октомври 2023 година, а нејзината кандидатура беше поддржана од Република Северна Македонија и ѝ посака успешен мандат, како прва жена на чело на Меѓународната организација за миграција (IOM).

— реклама —

На средбата е оценета како успешна соработката со Владата, во делот на одговорот на кризи, управувањето со миграцијата и податоци и ресурси, што е констатирано како значајно, посебно земајќи ја предвид состојбата со присуството на мигранти на јужната граница, односно меѓу Северна Македонија и Република Грција.

Премиерот Ковачевски нагласи дека Северна Македонија има усогласени активности и политики со европските партнери во однос на миграциските прашања. И, продолжува активно да соработува со Меѓународната организација за миграција, препознавајќи го доброто управување со миграцијата од важност за безбедноста во регионални и европски рамки и како прашање од важност во Агендата за одржлив развој 2030 година.

— реклама —

„Ефективното управување со миграцијата е меѓу приоритетите на Владата, особено во делот на раното откривање и спречување илегални преминувања и движења долж балканската рута, со фокус на безбедноста на границите“, рече премиерот Ковачевски.

— реклама —

На состанокот е заеднички истакнато значењето на зајакнувањето на прекуграничната соработка, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања