Промени тема
Контакт

Ковачевски пред Собранието да ги презентира нацрт документите од преговорите со Бугарија, бара опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14032022_PVRSM_Kovacevski_pres-konferencija_1

Владата на СДСМ и ДУИ зад кулисите договара нешто со Бугарија и во ниту еден момент Собранието не е информирано. За разлика од Македонија, во Бугарија сите релевантни субјекти знаат и се информирани, вклучително и бугарското собрание.

— реклама —

Ако владата планира состојбите да ги доведе до свршен чин и тогаш да и каже на јавноста што договориле, тогаш прават катастрофална грешка. Владата на Заев во 2017-та година беше предупредена за последиците од штетниот договор и за жал тие последици сега се товар на евроинтегративниот пат. Затоа навреме ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да биде информирано за текот на преговорите, вклучително и за нацрт документите кои циркулираат на релација Скопје- Софија со цел да се предупреди и да се изгради заедничка стратегија.

— реклама —
— реклама —

Затоа ВМРО-ДПМНЕ испрати барање до премиерот Ковачевски во текот на месец април да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт-документите за кои што Владата на Македонија ги договара со официјална Софија, за да може во еден заеднички и инклузивен процес да се разгледаат овие прашања кои се важни во македонско-бугарските односи, а исто така се важни и за евроинтеграциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања