Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ковачевски прифатил Бугарите да ни ги пишуваат учебниците, дека имаме бугарско потекло, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski

Власта без тронка срам ја лаже македонската јавност. Предлогот кој го претставуваат како модифицирана верзија е истиот предлог од пред неколку дена кој ги содржи сите бугарски барања. Тоа што Ковачевски наводно го одбиваше, сега со сменети „обланди“ го претставува како успех. А вистината е обратна. Македонија доживеа дипломатски неуспех, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со прифаќањето на Предлогот Македонија се обврзува на бугарскиот диктат кој во иднина ќе се однесува на македонските учебници, за македонската историја, споменици и историски личности и настани. Буквално ова ќе значи дека Македонија на годишно ниво ќе биде обврзана да изготвува годишни извештаи за тоа до каде е реализацијата на ваквите промени и доколку Бугарија не е задоволна, тоа ќе биде причина за нова кочница. А сите ги знаеме кои се апсурдните и антиевропски барања на Бугарија за македонските учебници, за нивните позиции дека сите револуционери се бугари, дека јазикот ни е бугарски дијалект, дека Македонија е коминтерновска творба и слични други негаторски позиции кои сега ќе станат дополнителен услов на нашиот пат.

— реклама —

Вакви услови немала ниту една друга држава за да отпочне преговори со ЕУ. Македонија не бара ништо помалку, и ништо повеќе од тоа што другите земји го имале како услов.

— реклама —

Ова е ултиматум и за таков ултиматум велиме НЕ БЛАГОДАРАМ. Власта на Ковачевски нема ниту визија ниту стратегија. Впрочем за фијаското кое го доживуваме доволно говорат нивните лица. Ни самите не веруваат во своите лаги.

— реклама —

Ова мора да престане. Достоинството на Македонија нема цена. Затоа се вклучуваме на иницијативите за протести и повикуваме граѓаните масовно денес на платото пред Владата во 19 часот да излезат масовно на сенароден собир на кој ќе се каже јасно НЕ на Предлогот и јасно НЕ за оваа неспособна и ненародна власт која носи понижувања и порази“. се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања