Промени тема
Контакт

Ковачевски: Приоритет на Владата е осовременувањето и подобрување на условите во здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
07042022__PVRSM_poseta_Onkologija_6

По повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето - 7 Април, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и министерот за здравство Беким Сали, го посетија целосно реновираниот Оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести во рамки на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

„Овој модернизиран капацитет значи подобра услуга за пациентите, задоволни здравствени работници и уште повеќе излекувани деца. Ова Одделение за онкологија, претставува огромна надеж за победа за сите деца-херои, кои се соочуваат со подмолни малигни болести. Целта е да продолжиме да бидеме дел од трендот кој покажува дека канцерот може да се победи, преку раната детекција, навремената реакција и соодветното лекување”, рече премиерот Ковачевски.

— реклама —

Според опремата и капацитетите на одделението, овој Оддел е единствен од ваков тип оддели во земјата, со интенција да прерасне во Регионален центар за лекување на деца со канцер, каде ќе се лекуваат деца од земјава, Косово и Србија.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност до компанијата АД „Макстил“ која со донација од 250 илјади евра покажа општествена одговорност и лојалност кон заедницата.

— реклама —

Премиерот Ковачевски истакна дека во врвот на приоритети на Владата е осовременувањето и подобрување на условите во здравствениот систем, со што за секој граѓанин се обезбедува еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги. Крајната цел е да се искоренат различни болести и намалување на морбидитетот и морталитетот, како и преземање мерки и активности за превенција.

— реклама —

„Нека е честит Светскиот ден на здравјето! Честитки до сите оние кои се вклучени во подигањето на свеста, дека најважно е постојано да го градиме и подобруваме квалитетот на нашиот живот и животот на нашите деца”, рече премиерот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања