Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски работи да ги заштити граѓаните и стопанството, Мицкоски блокира, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-mickoski

СДСМ, предводена од Димитар Ковачевски во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, во услови на глобална економска и енергетска криза одговорно и посветено работи на надминување на последиците, вели СДСМ

„Преземени се конкретни чекори за зголемено производство на струја, обезбедување доволни количини енергија, но и поддршка на граѓаните и стопанството за полесно справување со последиците.

— реклама —

Oграничена е трговската маржа на електричната енергија, со што им се излегува во пресрет на компапниите, училиштата и други субјекти кои со струја се снабдуваат на слободниот пазар.

Цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, односно домаќинствата, и натаму ќе биде субвенционирана од страна на државата во висина од 80 отсто, а тие ќе плаќаат 20 проценти од потрошената струја.

— реклама —

Планирано е домашното производство на електрична енергија да се зголеми за 25 отсто. На сила се мерките за штедење во институциите. Поедноставена е постапката за поставување на на фотонапонски панели.

— реклама —

Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството.

И додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена продолжува со блокадите.

— реклама —

Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум, со активни и пасивни блокади се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните.

Нивините деструкции одново ќе бидат поразени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања