Промени тема
Контакт

Ковачевски-Рау: Полска останува гласен поддржувач на итен почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovacevski_sredba-so-Rau_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во рамките на својата агенда на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Охрид, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Полска и актуелен претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау.

Премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи на Полска и претседавач на ОБСЕ Рау на средбата разговараа за актуелната безбедносна ситуација и за заложбите за крај на војната во Украина, како и за други важни прашања од агендата на ОБСЕ.

— реклама —
— реклама —

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со Рау истакна дека Северна Македонија, како земја членка на Тројката на ОБСЕ, останува целосно ангажирана во обезбедувањето услови за прекин на воените дејствија во Украина со цврсто придржување до принципите за почитување на државниот суверенитет и територијалниот интегритет и слободата на државите да избираат свои безбедносни аранжмани.

— реклама —

Премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија за време на своето претседавање со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирана на изнаоѓање начини да се дополнат процесите за стабилност, безбедност и предвидливост во регионот на ОБСЕ и пошироко врз основа на Хелсиншката повелба за безбедност и соработка како основачки акт на оваа организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања