Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Ковачевски се фали со 4 денари поефтини макарони, а за покачувањата на платите на функционерите ќе потроши 5 милиони евра од буџетот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski

Речиси половина милион жители живеат во сиромаштија, а Ковачевски нема абер да го намали коефициентот на пресметка на платите на функционерите, кои после одлуката на Уставниот суд треба да земат 78% повисоки плати, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Среде сиромаштија и економски колапс Ковачевски и екипата ги покачуваат своите плати. Тоа е безсрамно.

— реклама —

Ковачевски глуми загриженост и се фали со намалување на цените на макароните за 4 денари, а близу 5 милиони евра народни пари оваа година ќе завршат за повисоки плати за функционерите. Додека рекордната инфлација од 20% го изеде стандардот на граѓаните, функционерите на Ковачевски ќе земаат енормни плати. Па така еден обичен функционер ќе зема плата која може да ги покрие трошоците на едно десетчлено семејство.

Додека власта на Ковачевски “штеди“ на земјоделците и на студентите, додека на медицинскиот персонал им ветува покачување од срамни две илјади денари, додека убедуваат дека нема пари за лекови и лекување, тие за себе се дарежливи и си готват плати повисоки за 78%.

— реклама —

Потребни се коренити промени. Со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања