Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски се пазари со завршени судски случаи за да остане на власт, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Минатата недела, Димитар Ковачевски најави дека конечно ќе се побара меѓународен мониторинг на случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“, вели Левица

— реклама —

„Мониторинг над овие случаи беа дел од договорот што Алтернатива го постигна со поранешниот премиер Зоран Заев, кога тие решија да станат дел од Владата.

— реклама —

Пазарот кој го прави Ковачевски по секоја цена за да остане на власт, ќе вклучува и мониторинг од Европската комисија за селективни судски случаи кои се веќе завршени и има правосилни судски пресуди. Со ваквиот потег, Ковачевски не само што потврдува дека сѐ би направил да остане на власт, туку и се доведува во прашање независниот правосуден систем во Македонија, во кој доверба имаат само 7% од населението. Дополнително, ваквиот политички пазар директно го нарушува владеењето на правото, како темелна вредност која е утврдена со Уставот.

— реклама —

Судството како независен постулат не смее да се стави во подредена позиција на странски фактори кои ќе вршат влијание на нашето правосудство. Во Законот за кривична постапка, Законот за парнична постапка, како и други процесни закони, јасно е предвидено под кои услови може да има повторување на постапката за одреден предмет или кој суд е надлежен за укинување на одредена пресуда.

— реклама —

Политичката манипулација со судски предмети, која ја започна Заев со случајот Смилковско езеро, ја продолжува Ковачевски во надградена и проширена верзија. Јасно е дека во услови кога владиното мнозинство е нестабилно, Ковачевски е подготвен да ги прифати сите штетни барања, само за да остане на власт“, стои во соопштенито.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања