Промени тема
Контакт

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата. Нема друг начин да го спречиме ВМРО ДПМНЕ повторно да го донесе режимот кој толку долго се трудевме да го срушиме“, истакна претседателот на СДСМ и носител во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.

— реклама —

Тој потенцираше дека СДСМ во изминатите седум години успешно се справи со здравствената, енергетската и економската криза и донесе тешки, но важни одлуки за подобра и просперитетна иднина на државата.

— реклама —
— реклама —

„Изминатите неколку години носевме тешки, но исправни одлуки. Разговаравме и разговараме со граѓаните, на терен сме, нѐ гледате и мене и нашите кандидати за пратеници. Свесни сме за грешките што ги направивме, но и свесни сме дека сето ова беше една лекција од која извлековме многу поуки. Тешките одлуки значеа многу политички компромиси и хируршки прецизно водење на процесот за зачленување на Македонија во НАТО“, рече Ковачевски.

— реклама —

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да дадат поддршка за кандидатите на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. „Само така, сите заеднички, ќе зачекориме кон европска иднина за Македонија, европска иднина за нашите деца“, порача Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 2 години

— реклама —
glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 2 години

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 2 години

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања