Ковачевски: Сите ја носиме одговорноста брзо да носиме одлуки и да го нормализираме процесот на интеграција во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
05042022_PVRSM_sredba_EUamb-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска го одржа редовниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на кој присуствуваше и заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во нашата земја, Јулијан Васало.

— реклама —

На состанокот, премиерот Ковачевски се осврна на најважните прашања од евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, во контекст на актуелната безбедносна криза со војната во Украина.

— реклама —

„Поминуваме низ драматични времиња поради трагичната ситуација во Украина и бруталната агресија на Русија против друга европска држава која предизвика огромен број мртви, беда и болка кај нејзините граѓани. Нашите мисли денес се со нашите украински пријатели кои го заслужуваат нашето најголемо внимание, поддршка и ангажман“, рече Ковачевски.

— реклама —

Она што Унијата демонстрира, беше заеднички заклучено e единство во вредностите, единство во целта и единство во акција.

Северна Македонија е на иста линија на надворешна политика со ЕУ посебно во делот на санкции но и учество во хуманитарната помош. Северна Македонија, како кредибилна земја-кандидат, се приклучи и ја сподели и својата одговорност со тоа што 100% се усогласи со политиките на ЕУ како одговор на руската воена агресија.

За Северна Македонија, задоцнетиот процес на интеграција во ЕУ е извор на системска ранливост, чиишто ефекти се прелеваат на целиот регион, а злонамерните актери лесно и вешто го искористуваат. Во време кога меѓународниот поредок заснован на правила е разнишан, двоумењето на ЕУ кон оние кои вложуваат огромна општествена енергија за да се придружат до европските правила, стандарди и вредности е нешто што ние заедно не можеме да си го дозволиме. Затоа е императив да се одржат првите меѓувладини конференции и да се отпочнат пристапните преговори и со Северна Македонија и со Албанија сега, за време на француското претседателство со ЕУ.

„Ако ништо не се случи до јуни ќе страда самиот политички моментум. Многупати во меѓусебните разговори со европските колеги го слушам аргументот за влијанието на изборните циклуси. Политичката поддршка, како и насекаде, се важни за вас, како и за нас. Тогаш зошто да се ризикува да се изгуби посветен партнер подготвен да ја направи вистинската работа? Каква порака би испратило тоа до останатите земји и народите од Западен Балкан? Она што ќе следи ќе биде посветеноста на една мала мултиетничка земја, на средината на Балканот да се натпреварува рамноправно во полето за игра и да докаже дека вреди да се приклучи на семејството на Европската унија врз основа на сопствените дела.

Малку е потребно за да се шутне топката во вистинската насока и да се постигне заедничка победа и за Северна Македонија и за Западен Балкан и за Бугарија и ЕУ во целина. Ова се многу непредвидливи времиња и сите ние ја носиме одговорноста брзо да го завршиме договорот и да дозволиме нормалност во процесот на интеграција во ЕУ“, додаде премиерот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања