Промени тема
Контакт

Ковачевски смирува за горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21012022_PVRSM_EUcom-1

„Во Република Северна Македонија нема никаква криза со горива, со бензин, дизел и со други горива затоа што ние имаме непречено снабдување со нафтени деривати кое доминантно се одвива преку Грција“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

„Во однос на она што се случуваше вчера сакам да упатам апел до граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации, да не подлегнуваат на паника со оглед на тоа дека во државата има доволно количини на нафта и нафтени деривати. Упатувам апел до трговците со нафтени деривати да не ги ограничуваат количините кои ги продаваат на бензинските пумпи. Дел од нив тоа го имаат направено вчера за да ги сочуваат своите количини кои ги имаат набавено од шпекулативни причини. Тоа е класично воено профитерство“, нагласи премиерот Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

Ковачевски потенцираше дека нема потреба од никаква паника затоа што тоа е најлошото нешто што може да се случува во услови на војна која што се случува во Украина, и уште еднаш повтори дека нафтени деривати имаме во сосема доволни количини и нема никакво прекинување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

— реклама —

Премиерот потенцираше дека пазарната инспекција и Управата за јавни приходи се излезени на терен за да ја увидат фактичката состојба и да ги заштитат интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања