Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Ковачевски: Со антикризните мерки вредни 400 милиони евра им помагаме на граѓаните во криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
22032022_PVRSM_Kovacevski_uvid-vo-izgradba-na-ekspresen-pat_3

Во интервју за емисијата „360 Степени“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека со сетот антикризни мерки им се помага на граѓаните и се штити нивниот економски стандард од ценовни шокови.

„Во време на криза мислиме на ранливите категории граѓаните, затоа обезбедивме дополнителни 1.000 денари, мислиме на пензионерите и ги покачуваме пензиите, мислиме и на оние работници кои беа на минимална плата и затоа ја зголемивме минималната плата“ посочи Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Ковачевски истакна дека се преземаа навремени чекори со кои се спречија нови ценовни шокови за граѓаните.

— реклама —

„Ако не ги преземевме овие мерки, во однос на намалувањето на ДДВ од пет на нула отсто на основните продукти, да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе мораа да плаќаат по 1.500 денари повеќе. Ако немаше намалување на ДДВ за нафтените деривати, на просечна потрошувачка, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе. Ако не направевме субвенционирање на производството на струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа за 2.150 денари месечно“ посочи претседателот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања