Промени тема
Контакт

Ковачевски: Со политиките на СДСМ растат платите, трудот на жените работнички го вреднуваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14032022_PVRSM_Kovacevski_pres-konferencija_1

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на завршниот семинар од седмата генерација на Школата за женски активизам во организација на Форумот на жени на партијата.

— реклама —

Ковачевски зборуваше за родова еднаквост, поддршка на жената, економска и политичка, како и женскиот активизам кој е важен дел од политиките на СДСМ.

„Денеска одбележуваме 2 години од членството во НАТО алијансата. Значењето на успехот во исполнувањето на стратешката определба на државата од денешна перспектива можеме многу подобро да го согледаме. За жал, периодов со воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет се покажа колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Но, истовремено, тоа ни покажува колку е важно тоа што Северна Македонија е членка на НАТО. Благодарение на тој успех, денес нашите граѓани можат да бидат спокојни затоа што ја уживаме заштитата на НАТО Алијансата. А една од клучните институции кои активно партиципираат во практичната реализација на членството во НАТО е Министерството за одбрана. На чело на тоа министерство имаме жена – министерка. Тоа доволно говори за СДСМ но и за способноста на жената во нашето општество.“ рече Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски зборуваше и за политиките на Владата предводена од СДСМ за подобрување на животниот стандард на жените.

— реклама —

„Десетици илјадници жени – работнички со мерките и политиките на СДСМ добиваат повисоки месечни примања. Денес сведочиме на се повеќе успешни жени претприемачки, жени кои носат промени. СДСМ ја зголеми минималната плата за 100%, од 8.800 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари. Трудот на работничките го цениме, го почитуваме и го вреднуваме особено на оние кои работат во трудоинтензивните дејности кои беа дискриминирани со години. Расте просечната плата, растат платите во сите сектори. Денес традоционално женските професии како наставничките, воспитувачките, негувателките, медицинските сестри земаат сериозно зголемени плати, а преку грантови и неповратни средства вложуваме во жените претприемачки и во жените кои решаваат да останат да работат во руралните краеви.“ рече Ковачевски.

Сето ова е наш заеднички успех на кој треба да сме горди но истовремено треба да биде и дополнителен мотив за уште повеќе да работиме за поголема еднаквост меѓу мажите и жените во секој сегмент на општеството а особено во економскиот дел, заклучи претседателот Ковачевски во обраќањето пред учесницички на седмиот Семинар за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ.

— реклама —

На учесничките на овој Семинар, претседателот Ковачевски им додели и сертификати за успешно завршување на школата за женски активизам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 5 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 11 час

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Кога Мицкоски најавува поевтинување, цената оди нагоре – ребалансот е признание дека нема пари

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања