Премиерот Димитар Ковачевски не кажа ниту збор за да го осуди односот на Талат Џафери во Собранието, каде се слуша како пцуе. Скандалот се случи на 71. седница на крајот, откако беше завршен преносот, а тонот остана уклучен.
„Јас таа снимка ја погледнав, меѓутоа се работи за некој разговор за кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара и од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можам да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува. Се слуша, но се гледа кој со кого зборува“, рече премиерот.
(АУДИО) Пцовки и скандалозно однесување од Џафери, а барање за оставка од опозицијата
Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцостите и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш, побара ВМРО-ДПМНЕ откако во јавноста излезе снимка на која се слуша гласот на собранискиот спикер како им се обраќа на вработени во собраниските служби.„Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен. Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на Собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцости малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери, кој може да се слушне во видеоматеријал објавен во медиумите, е скандалозен, примитивен и целосно недозволив. Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според опозицијата, снимката е и доказ зошто мора да се одржат предвремени парламентарни избори, а актуелната власт да замине во опозиција.Во аудио-материјалот за кој се тврди дека е снимен во Собранието, се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него, а потоа ги брка со зборовите „бегај, бегај“, „сус бре“, а се користат и пцости.
Македонија | пред 3 години