Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Спроведуваме сериозен план за зголемено домашно производство на струја од обновливи извори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03112022_PVRSM_IRL

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во емисијата „Разговор во редакција“ на истражувачката лабораторија ИРЛ, истакна дека во услови на енергетска криза се ставаат во функција сите расположливи капацитети за производство на струја со кои располага државата, а од кои поголемиот дел се направени уште во времето на СФРЈ, поради што се неопходни нови инвестиции на кои веќе се работи.

— реклама —

„РЕК Битола сега во ноември одбележува 40 години од постоење, исто е и со другите капацитети. Затоа ние имаме еден монументален проект во државата кој се нарекува Чебрен и којшто имаше 13 неуспешни обиди. За прв пат, има понуда од страна на инвеститор. Тоа е проект вреден 800 милиони евра. Дали ќе биде успешна понудата, евалуацијата ја прави стручна комисија која е составена од експерти од ЕСМ, од Министерство за економија, од Министерство за животна средина и просторно планирање итн. Ако биде успешна до крајот на годината може да има потпишување на договор и почеток на проектирање и изградба на Чебрен“, рече премиерот Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

Премиерот Ковачевски посочи дека Владата има сериозен план за транзиција кон обновливи извори за производство на енергија и на тоа веќе се работи.

— реклама —

„На старите наоѓалишта на јаглен во Битола, во Осломеј – Владата има веќе план и почна со изградба на фотоволтаични централи. Првата од десет мегават часови е изградена во Осломеј и проектите се прават заедно со ЕБОР, КФВ банката и Светска банка. Тие се финансиери на вакви големи капитални објекти. Овие компании каква што е "Вe-Пe-Дe" која сака да гради ветерна електрана од половина гигават во Општина Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка тие и на други пазари функционираат како приватни корпорации. Таа електрична енергија и тие капацитети ќе бидат во нашата држава. Затоа треба секогаш да се најде баланс меѓу јавните инвестиции и меѓу приватните инвестиции кои произведуваат стоки и услуги кои ги користат граѓаните на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања