Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Ковачевски: Треба да се изнајде избалансирано решение за раст на платите во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360“ на ТВ Алсат-М, истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности.

Тој дополни дека се прават консултации и калкулации во Министерството за образование и наука и во Министерството за финансии за да се видат можности што буџетот може да го поддржи во оваа кризна година.

— реклама —

„Јас сметам дека треба да има зголемување на платите во образованието, меѓутоа мора да бидеме свесни дека ова е најкризната година после Втората светска војна и мораме да се грижиме државата да може да ги финансира сите свои обврски што ги презеде. Гледате дека и во најголема криза ја покачивме минималната плата и ги зголемивме пензиите коишто се плаќаат пред време“, нагласи премиерот Ковачевски.

— реклама —

Премиерот посочи дека во овој случај, одговорноста не е само во едноставно зголемување на платите, и дека постои можност за дополнителен инфлаторен притисок. „Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што го нуди како можност буџетот бидејќи веќе сите тие граѓани добиваат субвенција за струја, намалено ДДВ за храна итн.“.

— реклама —

„Сите работници, особено вработените во образованието заслужуваат поголеми плати затоа што образовниот сектор е тој кој што го креира човечкиот капитал кој што го имаме во државата а кој што гледаме дека ни се намалува. Наша обврска, како одговорни луѓе, да ги зголемуваме платите и тоа да го постигнуваме низ економско-социјален дијалог, со решенија кои Буџетот одржливо ќе ги сервисира“, посочи претседателот на Владата Ковачевски во емисија на ТВ Алсат-М.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања