Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
poseta

Во пресрет на една од најтешките зими во повоеаната историја на Европа, премиерот Димитар Ковачевски е упорен и ги користи сите потенцијали за да обезбеди доволно енергија за време на кризниот период, вели СДСМ

„Вчерашната посета на Коваечвски на Република Грција резултираше со договори за непречено обезбедување на енергенси за непречено производство и употреба на електрична енергија.

— реклама —

Постигнат е договор снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција да се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што непречено ќе функционираат производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“.

Договор е постигнат и за непречено снабдување со мазут преку Грција со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“.

— реклама —

Дури и во време кога се јавува недостаток на енергенси и електрична енергија во цела Европа доколку има какво било ограничување од извозот од Грција такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија.

— реклама —

Истовремено, веќе е отпочната процедура за маркет тест на интерконекторот на гас Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино, којашто треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција и ако се се одвива по планот, изградбата би требало да почне до крајот на годината.

Меѓу капиталните инвестиции се и големата гасна централа со капацитет до 200 МВ која што тие Грција изрази желба да ја гради во Северна Македонија, како и понудата на грчката компанија ПСС за проектот Чебрен.

— реклама —

Претходно, Владата предводена од СДСМ договори непречен увоз на електрична енергија од Република Бугарија од октомври оваа година па се до следната пролет, за што деталите ќе се договорат деновиве.

Сето ова е показател за одговорниот и ефикасен пристап на премиерот Ковачевски и Владата предводена од СДСМ со цел навремено обезбедување непречено снабдување на електрична енергија од нашите соседни и пријтелски земји“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања