Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски успешно менаџира со енергетската криза, Мицкоски се што кажа излажа, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
struja-585x447-1

СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски со навремени и ефикасни мерки, во време на глобална енергетска криза, успешно менаџира со нејзините последици, вели СДСМ

„Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.

— реклама —

За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

— реклама —

Цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Од друга страна, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката и се што кажа, излажа.

— реклама —

Мицкоски ширеше паника кај граѓаните, дека за оваа зима нема да имаме доволно електрична енергија и енергенси, дека ќе има рестрикции, дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми.

— реклама —

Во време кога цената на гасот уриваше рекорди на берзите, Мицкоски бараше да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, со што државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра.

И за време на оваа криза, исто како и за време на пандемијата, Мицкоски се постави против државните инситуции и со лаги и дезинформации ја поткопуваше нивната работа, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања