Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски: Владата ја предложи Миликие Халими за директорка на „Аеродроми“ врз основа на универзитетска диплома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Миликије Халими е предложена и избрана за директорка на јавното претпријатие за аеродромски услуги врз основа на универзитетска диплома што ја приложила, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Халими во 2017 година стана првата жена градоначалник на Општина Арачиново која по завршувањето на градоначалничкиот мандат со средно медицинско училиште конкурираше и беше избрана за инспекторка во Царинската управа, а во саботата јавно на социјалните мрежи се заблагодари на СДСМ за довербата да раководи со „Аеродроми“.

— реклама —


„Таа е избрана од страна на Надзорниот одбор и е избрана врз основа на критериуми кои што ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги кое што е сепак едно мало претпријатие и врз основа на универзитетска диплома која што ја има таму поднесено. Таа е предлог на Владата врз основа на универзитетска диплома која што ја има и која универзитетска диплома ја имаат и други функционери кои извршуваат пратенички функции така натаму“ , рече премиерот Ковачевски по свеченоста по повод Националниот ден на осигурувањето.

— реклама —


— реклама —

Назначувањето на Халими за директорка предизвика лавина реакции во јавноста со обвинувања за владејачката партија дека ги изневерила сите идеали на Шарената револуција која му помогна на СДСМ да дојде на власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања