Промени тема
Контакт

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ треба да кажат став, во коалиција се со Левица која отворено ја поддржува руската агресија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-888

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го каже ставот по однос на нивниот коалиционен партнер Левица која гласаше против Декларацијата за Украина.

-ВМРО - ДПМНЕ и нивниот лидер треба да размислат за нешто друго. Тие се политичка партија која е во коалиција со Левица која отоврено ја поддржува руската агресија и која вчера јасно беше против декларацијата за осуда на рускиот напад врз Украина. Прво тие треба да кажат став, да изградат единство кај себе во коалицијата а потоа да зборуваат дали некој го дели народот. Ако некој го делел овој народ, тоа го правел ВМРО, на патриоти и непатриоти. Го делеле по етничка основа и го делат по партиска основа, порача Ковачевски.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Ковачевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги партизира општините со кои раководат нивни градоначалници.

— реклама —

-Гледаме каква партизација се случува по општините кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ. Тие не поднесуваат ниту извештаи пред ЗЕЛС ниту пред граѓаните. Тоа е единствена партија во светот која поднесува 3-месечни извештаи во скапи хотели пред партиски лидери. Тоа го гледавме во нивната партија 10 години во државата и гледаме дека повторно дека на исти начин исто така рапортира во партија наместо пред граѓаните. заклучи Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања