Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски во Белград ќе учествува на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_6

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска 17.11.2022 година (четврток) во Белград, ќе учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка.

— реклама —

Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Бих, Зоран Тегелтија ќе ги пречекаат претседателот на Србија, Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министерот за енергетика и специјалниот пратеник на премиерот на Кралството Норвешка во Палата Србија каде ќе се случува настанот.

— реклама —
— реклама —

Сите лидери од Западен Балкан е предвидено да учествуваат на официјалното отворање на Конференцијата и на панел дискусија посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.

— реклама —

Со почеток во 12:15 часот е предвидена заедничка прес-конференција на која ќе говорат лидерите Ковачевски, Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања