Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Ковачевски во Париз на Генералната конференција на УНЕСКО и на вечера со Макрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе биде во работна посета на Париз, каде што ќе се обрати на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, соопшти вечерва владината прес-служба. На официјалната посета на УНЕСКО, Ковачевски ќе биде пречекан од Одре Азуле, генерална директорка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации.

— реклама —

„Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отварањето на 6. Париски мировен форум. Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот. Предвидено е премиерот Ковачевски да има обраќање на сесијата на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзување на Одржливите развојни цели”, се наведува во соопштението на Владата.

— реклама —

Во рамки на Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски, придружуван од сопругата Елена Ковачевска, ќе присуствува на вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит Макрон, во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Форумот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања