Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски во посета на Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Словенија.

— реклама —

Ковачевски ќе биде пречекан со највисоки воени почести во замокот Брдо кај Љубљана од страна на словенечкиот премиер Роберт Голоб со кого потоа ќе има тет-а-тет средба по што двајцата премиери ќе потпишат заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу двете држави. По потпишувањето на декларацијата, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

— реклама —
— реклама —

Предвидено е да се одржи и билатерален состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

— реклама —

По средбите во замокот Брдо, премиерот ќе се сретне и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон и со министерката за дигитализација Емилија Стојменова Дух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања