Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски во САД, силна поддршка за земјава и членството во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

САД остануваат најважниот и најголем сојузник на нашата држава, вели СДСМ

— реклама —

„Потврда за тоа е и полседната посета на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на САД и бројните средби со претставници од државниот врв.

— реклама —

На средбите со Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, со, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, со специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, како и со повеќе сенатори и конгресмени недвојбена беше поддршката што Македонија ја добива од САД.

Заеднички беше заклучено дека САД серионо го ценат придонесот на Северна Македонија и ја сметаат како силен НАТО сојузник, упатувајќи порака дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори на обезбедување членство во ЕУ.

— реклама —

Американскиот државен врв го поздрави и лидерството на Северна Македонија во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и успешното претседавањето со ОБСЕ, во време кога на европскиот континент беснее војна.

— реклама —

Сето тоа е потврда за успешните државнички политики на СДСМ и претседателот Ковачевски и мотив плус, соработката со стратешкиот партнер САД, дополнително да се интензивира“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања