Промени тема
Контакт

Ковачевски за амбасадори наместо дипломати од кариера праќа партиски функционери од СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
KOVACEVSKI-SDSM-2

Ковачевски со амбасадорски места задоволува коалициски апетити, за амбасадори наместо дипломати од кариера праќа партиски функционери од СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ.

Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата?

— реклама —

За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата.

— реклама —

За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.

СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството.

— реклама —

Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања