Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски за барањето на Гаши: Секој пратеник може да предложи сѐ, но треба да има на ум зошто се менува Уставот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Секој пратеник може да предложи сѐ, смета премиерот Димитар Ковачевски за барањето на Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити кои бараат со измената на Уставот да се избрише и одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, како што кажа, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата. Според премиерот, тие треба да имаат на ум зошто се прават уставните измени.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Уставните измени се процедура каде можат да се дадат голем број предлози. Не сум ја видел прес-конференцијата и тоа беше кажано претходно. И други партии кажаа работи за корекции во Уставот. Но на работната група за подготвување на уставните измени беше едногласно донесен предлог за обврските на државата за исполнување на условот од преговарачката рамка. Тоа е она на што Владата работеше. Секој пратеник има право да предложи се. Но секогаш треба да се има на ум зошто стратешки одреден процес се прави. Овој процес стратешки се прави за продолжување на патот кон ЕУ“, кажа Ковачевски.

— реклама —

— реклама —

Претходно, прес-конференција одржа Африм Гаши за да изпрати барања до собранискиот спикер Талат Џафери.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања