Промени тема
Контакт

Koвачевски-Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24022022_PVRSM_Sredba_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Република Украина Наталија Задорожњук.

Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Северна Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Северна Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија.

— реклама —
— реклама —

Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Северна Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.

— реклама —

Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања