Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски започна со активностите на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19092022_PVRSM_GenAssUN-2

Започнаа активностите на Самитот за трансформација на образованието во рамките на 77-то Генерално Собрание на Организацијата на ООН во Њујорк. На отворањето на Самитот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Република Северна Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми. Настанот започна со воведно обраќање на Генералниот секретар на Организацијата на Обединети Нации, Антонио Гутереш а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете.

— реклама —
— реклама —

Во рамките на овој Самит е предвидено обраќање на премиерот Ковачевски кое според агендата е околу 16:00 часот по локално време.

— реклама —
— реклама —

На Самитот за трансформација на образованието учествуваат над 90 лидери на шефови на држави и влади, кои ќе дебатираат за најдобрите начини на унапредување на образовните системи во земјите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања