Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски – Зеленски: Македонија продолжува да ѝ помага на Украина сè додека е потребно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Во рамките на посетата на Атина, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

На средбата премиерот Ковачевски ја нагласи континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот. Осудувајќи ја бруталната воена агресија што Русија ја врши врз независна и суверена Украина, Ковачевски повтори дека Северна Македонија ќе продолжи со недвосмислена и силна поддршка за Украина во нејзината самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет. Овој пристап Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина.

— реклама —

Премиерот Ковачевски истакна дека Северрна Македонија ќе продолжи да ѝ помага на Украина сè додека тоа е потребно преку испраќање помош кон Украина, како што тоа го правеше и досега.

— реклама —

Претседателот Зеленски изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија на Украина од почетокот на воената агресија, која е значајна за украинските сили и која украинскиот народ високо ја цени.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања