Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ковачевски им честиташе на студентите во Србија: „Демократијата и волјата на граѓаните се темел на подобра иднина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

Поранешниот премиер и поранешен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните на Србија и до студентската листа по парламентарните избори, оценувајќи дека демократијата, слободната волја на граѓаните и учеството на младите се основа за изградба на поодговорни институции.

— реклама —

„Им честитам на граѓаните на Република Србија за одржаните демократски избори, како и на победничката студентска листа и професорите за изборната победа“, порача Ковачевски.

Тој изрази уверување дека активното учество на младите во демократските процеси може да придонесе за подобра иднина и посилни институции.

— реклама —

„Верувам дека демократијата, слободната волја на граѓаните и активното учество на младите се темелите врз кои се градат поодговорни институции и подобра иднина“, истакна Ковачевски.

— реклама —

Во честитката тој посака напредок, стабилност и просперитет за Србија, нагласувајќи ја важноста од продлабочување на соработката меѓу двете соседни држави.

„На Србија ѝ посакувам напредок, стабилност и просперитет, а на нашите две соседни држави – уште посилна регионална соработка, меѓусебно разбирање и заеднички иницијативи во интерес на граѓаните“, наведе поранешниот премиер.

Ковачевски ја заврши пораката со оценката дека напредокот на регионот започнува со демократија, доверба и соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања