Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот, уште еднаш се докажува дека СДС е кираџија во сопствената влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

И 48 часа после големата поплава која што го зафати Делчево, уште еднаш се покажува дека централната власт го заборави овој крај, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Значи нема посета од ниту еден владин функционер на овој крај на Делчево, со што уште еднаш се докажува дека Социјалдемократскиот сојуз е кираџија во својата Влада, а Димитар Ковачевски е пионот кој што е поставен да ја менаџира истата.

— реклама —

Искажувам благодарност до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ односно на нашите градоначалници кои што први излегоа да им помогнат на граѓаните со својата механизација од јавните претпријатија.

— реклама —

Исто така искажувам благодарност затоа што ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници организираше помош, финансиска помош за граѓаните од овој крај на државата.

— реклама —

И така планираме да работиме и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и на ваши, на вмровски и сдсмовски“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања