Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Ковачки: Дали оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа одбегне одговорност?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kovacki

„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност. Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е човек кој не држи до сопствениот збор. Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев? И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци? Доста е со поигрување со волјата на граѓаните. Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана. Системот на Заев е поразен. Време е за промени“, додаде тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања