ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ковачки до Ахмети: Кажи кои Македонци ти нуделе поделба на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ali-ahmeti

Од настапите на Али Ахмети пред своето членство повторно гледаме дека кога се отвораат прашањата за борба со корупција и кога е очигледно дека конечно е дојдено време да се стави крај на пљачкањето и понижувањето на Македонија и Македонците, тој отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дополнително, се служи со манипулации кои никој повеќе не ги зема за сериозно.

— реклама —

На пример, Ахмети кажува дека ДУИ 20 години инвестирала во кадри и спремање на специјалисти од различни области за да не сме црвенееле пред другите развиени држави.

— реклама —

Состојбата е обратна - токму заради таквите кадри во кои 20 години инвестирал Ахмети, добивме јавен укор од амбасадорката на САД, па уште ни донесоа и тим за борба со корупција затоа што институциите во кои инвестирал Ахмети се пренатрупани со нестручност, некомпетентност и криминализираност, односно се пред колапс.

Командантот, претседателот или како и да се перципира себеси стариот, наместо да се извини за јавниот напад врз медиумите, бара новинарите да "не и' дувале на бељата".

Ете така ја разбира демократијата Али Ахмети, тој да зборува и да прави притисок врз новинарите, јавно етикетирајќи ги според лично убедување, но за неговите постапки поврзани со ограничување на Уставно загарантирани права, никој да не смее јавно да коментира оти тоа било "дување на бељата".

И конечно, Ахмети повторно зборува за воениот конфликт во 2001 година и признава дека македонската страна била таа која му понудила поделба на Македонија, но бидејќи тој бил посветен на Македонија, не прифатил поделба. (?!)

Тука се поставува едно прашање и кое доколку е искрен пред Македонците како што сака да се претстави, Ахмети треба да го одговори:

Кој е тој од македонската страна што нудел поделба на државата, неговиот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски или другиот коалиционен партнер - СДС?

Граѓаните треба да добијат одговор и да знаат кој е тој што си земал право да одлучува во име на сите тогашни и идни генерации Македонци, но и на сите останати граѓани врз кои почива суверенитетот на државата и дали таквите лица се' уште се на платен список на граѓаните на Македонија“, дадава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања