ВО ЖИВО

Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски

Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ковачки до Пендаровски и Петровска: Кој ви дозволи да правите преседани со прогласување на кризни состојби заради ваша неспособност?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
323407988_3222074414676284_9149317386666969730_n

Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.

— реклама —

Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната установа.

Центарот за управување со кризи, објави дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.

— реклама —

Во врска со ова на социјалните мрежи реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„6 (шест) дена молк од надлежните Стево Пендаровски и Славјанка Петровска:

1. Дали е точно дека на подрачје на Гази Баба Владата прогласила кризна состојба за да единици на АРМ обезбедуваат затвори?

2. Зошто?

3. Кој ви дозволи да правите преседани со прогласување на кризни состојби заради ваша неспособност?

4. Во која друга НАТО членка, војска чува затвореници?

5. Кои правила на употреба на сила ги имаат војниците?

6. Кој ќе одговара ако дојде до употреба на сила?

7. Има ли некој да му каже на Пендаровски дека лично тој направил преседан кој утре многу лесно може да биде злоупотребен?

8. Што правиме ако утре - хипотетички на Владата или на некоја идна Влада им падне на памет да прогласат кризна состојба на подрачје на општина Центар и Пендаровски да нареди употреба на војска пред Собрание?

9. Имаат ли Пендаровски и Петровска советници кои се скапо платени и зошто се платени кога не се во состојба да им посочат дека ја понижуваат војската и дека е спорна Уставната и законската употреба на војска за чување на затвореници?

Зошто молчи Спасовски - која е улогата на МВР, свесно ли е исклучено од обезбедувањето на затворите однадвор па таа улога и е дадена на АРМ, или и таму се' се распаѓа и немаат капацитет?

#РаспадСистем

#Промени“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања