Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ковачки до Пендаровски: Срамота е што не ве информирале за секс-скандалот во АРМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, со отворено писмо до претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој, како што вели, рекол дека не знаел за скандалот со изнуда на сексуални услуги во АРМ.


— реклама —

„Претседателе Пендаровски, зошто бегате од одговорност? Барате од мене да доставам информации до надлежни институции, а Вие како врховен командант на АРМ сте надлежна институција. Според тоа, барате од мене да Ви доставам информации за изнудите на сексуални услуги. Во ред, се согласувам, кажете кога имате термин, од овој момент, па во следните денови, во кое било време од денот и ноќта, кога Вие ќе одлучите, јас Ви стојам на располагање да дојдам кај институцијата Претседател.


— реклама —

Но, сепак, најпрвин би Ве упатил институционално, односно за тоа да се информирате од министерката за одбрана, која од собраниската говорница потврди дека знаела за изнудите на сексуални услуги од високите офицери, но дека не презела ништо против нив, со што јас ценам дека создала услови дејствата да бидат повторувани во недоглед.


Не сте преземале ниту Вие, со што и Вие создавате услови овие дејства да продолжат да се повторуваат“, пишува Ковачки.

— реклама —

Знаете, додава Ковачки во писмото до Пендаровски, дека „офицерите во ранг генерал и полковник се во Ваша директна надлежност и за тоа по службена должност требало да Ве информира Министерката за одбрана“.


„Не навлегувајќи во овој момент во други подробности, не сакам да се сомневам дека таквата информација ја скрила од Вас.


Лично сметам дека таа Ве информирала, но дека заеднички сте се договориле да го забошотите случајот и да не преземете најстроги дисциплински мерки.

— реклама —

Доколку, пак, министерката не Ве информирала, тогаш тоа е сигнал дека има нефункционалност на комуникацијата помеѓу врховен командант и министер за одбрана, а особено поврзана со случки што може да влијаат и на борбената готовност на АРМ.


И во двата случаја – и да сте знаеле (а сметам дека сте знаеле) и да не сте знаеле (како што сакате да изгледа) е еднакво поразително за Вас. Мора да се расчисти кој учествувал во забошотување на случајот и зошто“, пишува Ковачки.


Тој потенцира дека мора да има одговорност за сите инволвирани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања