Промени тема
Контакт

Ковачки до Петровска: Ако Ковачевски не е вмешан во плаќањето на Ристески, треба веднаш да ве разреши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Kovacki-28.12.2021

Ковачки преку социјалните мрежи испрати порака до Петровска, во која вели дека ако Ковачевски самиот не е вмешан во плаќањето на Темелко Ристески со државни пари за партиски задачи, треба веднаш да ја разреши.

„Почитувана Министерке за одбрана Петровска,

Ајде вака:

Факт 1.

Официјален допис, од проф.др. Темелко Ристески - вршител на работа по договор за дело, до Државниот секретар во Министерството за одбрана.

Факт 2.

Предмет - Извештај за извршената работа во текот на период на месец јули 2020 година.

— реклама —

Факт 3.

Извештај даден врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 02.01.2020 година. А поконкретно од чл. 7, алинеја 4 од договорот помеѓу него и министерството.

Лично тој ИЗРАБОТИЛ:

- Активно следење на кампања

- Напишал 10 објави на фејсбук во поддршка на коалицијата "Можеме"

- Напишал два агитациски текста за поддршка на коалицијата "Можеме" објавени од фејсбук профилот на Партијата на пензионерите.

- Остварувал телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата "Можеме".

— реклама —

ЗАКЛУЧОК:

РАПОРТИРА ВО ДРЖАВЕН ОРГАН ЗА ПАРТИСКИ ЗАДАЧИ !!!

Димитар Ковачевски не треба да чека да дојдете од Вашингтон, туку ако и самиот не е вмешан во ова веднаш да ве разреши.

Доколку не ве разреши до тогаш, ве чекаме во Собрание да поразговараме и да објасните колку пати и на колку лица сте исплатиле по 10.000, односно на вакви ботови“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања