„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачки до Петровска: Дали приведените припадници на военото разузнавање истражуваа шверц на роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
2Kovacki

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ги отфрли тврдењата на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дека припадници на военото разузнавање биле упасени на Косово.

— реклама —

На гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, Петровска рече дека ова е уште една од низата на лаги со кои што тој се служи и најави дека е можно да поднесе тужба против него.

– Голема е веројатноста дека и за ова негово тврдење дека биле уапсени припадници на военото разузнавање, испратени од моја страна, ќе добие уште една тужба заради тоа што мислам дека најдобро е да ги соочиме аргументите наместо вакви празни постови исполнети со лаги, рече Петровска.

— реклама —

Драган Ковачки објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека министерката се обидела за го дискредитира.

„Почитувана министерке за одбрана, го изгледав Вашето интервју на 360 степени, па чувствувам должност да одговорам:

Прво, за обидите за моја лична дискредирација: Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие.

Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно.

Второ, за тоа дека сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и' на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?

Кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, Вие или некој друг?

До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви на покрива Вашата неспособност.

Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата.

Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?

До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар?

Брука.

Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска.

** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања