Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачки: Како Ковачевски стекнал безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога има документ дека е трајно неспособен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kovacki-24.09.2022

Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се' уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Без разлика дали дезертерот Ковачевски е навистина трајно неспособен или пак лажно се претставувал дека е трајно неспособен, тој не требало да добие и да го задржи безбедносниот сертификат, односно не е во можност да ја извршува функцијата премиер.

Според член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување.

— реклама —

Безбедносниот сертификат на дезертерот Ковачевски е издаден од страна на директорот на ДБКИ, Славевски, за кого иако постојат индиции дека е учествувал во криминал, земање мито за издавање на безбедносни сертификати, и со месеци бега да се јави на распит, се' уште е на функцијата.

— реклама —

Дали самоволието во ДБКИ, и нереагирањето на дезертерот Ковачевски се должи на фактот што Славевски го издал и се' уште му го нема одземено безбедносниот сертификат, иако веќе и јавноста е запознаена дека постои промена во условите за издавање?

Дезертерот Ковачевски да не бега и да не се крие. Да си поднесе оставка веднаш, а институциите да поведат постапки за него со цел утврдување на неговата состојба.

— реклама —

Народот не смее да го води човек што или е трајно неспособен и со тоа избегнал служење војска, или е лажоман и фалсификатор на лекарски наоди, со цел да се престави себе си како трајно неспособен, за да не служи војска“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања