Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ковачки: Кој потпишувал патни налози за употреба на возилото на лице кое не е вработено во фирмата туку е вице-премиер кој зема плата од граѓаните?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

Запаленото возило на вице-премиерот Артан Груби кое се води на име на фирма имало светлосна сигнализација или како рече Груби возилото имало "флешери".

— реклама —

Тоа го потврди Груби лично и кажа дека "флешерите" ги ставил сопственикот - на своја рака и дека за тоа требало да си одговара, а дека тој возилото го возел со полномошно, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука се поставуваат неколку прашања

— реклама —

1. Чие е запаленото возило на Груби?

Според министрите Бујар, Крешник но според Владата - возилото е негово, а според Артан возилото е на комшијата ама тој го возел затоа што комшијата му бил пријател и му го дал на користење.

2. Бидејќи возилото се води на име на фирма, а за да го управуваш тоа возило ти треба патен налог и уште поважно треба да си вработен во таа фирма, кој е тој што потпишувал патни налози за секојдневна употреба на возилото на лице кое не е вработено во фирмата туку е вице-премиер кој зема плата од граѓаните?

3. Дали Артан Груби кога го возел возилото не приметил дека на него имало "флешери" - за што веќе потврди дека знаел дека е противзаконски и зошто тоа не го пријавил во МВР како кривично дело - член 391 - лажно претставување како полициско или воено лице?

4. Дали Артан не приметил дека на возилото покрај светлосната сигнализација што тој ја нарекува "флешери", дека имало и звучна сигнализација, тнр. "Хорна", која е јасно видлива и е на дофат на користење на возачот на возилото?

Зошто повторно не пријавил? Или не видел? Ја користел ли хорната и флешерите додека го возел возилото? Покрај за другите злоупотреби (криење на имот) ќе одговара ли вице-премиерот и за лажно претстаување согласно кривичен законик?

Вакво бандитско однесување на дефакто првиот човек на Владата не заслужува понатамошен коментар. Таквото самоволие е одлика на финкционерите на ДУИ за кои бескичмените од СДС молчат и одобруваат. Згора на тоа, дури им даваат и поддршка.

*Кога утре ќе дојде некоја нова тројка од ЕУ и кога Артан и Бујар ќе им зборуваат за европски вредности, нека им го раскажат случајот и нека ги прашаат дали се тоа европски правила и сет на вредности, дали за вакво нешто се останува на функција и што би се случило со тој функционер доколку таков случај би имало во било која од нивните држави.

#Промени“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања