Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачки: Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kovacki-11.02.2021

„Владата на Ковачевски тајно преговара со Бугарија и администрацијата на Кирил Петков. Процесот е целосно нетранспарентен, и за исходот од преговарањето не е информирана ниту опозицијата, ниту Собранието“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

— реклама —

„Политичките чинители, пратениците, стручната јавност и граѓаните на Република Македонија за текот на преговорите се информираат од изјавите на бугарските политичари во медиумите, а не од Ковачевски или Османи, кои се должни да реферираат и во Собранието и пред граѓаните.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера даде изјава, во која вели дека е постигнат огромен успех во работата на историската комисија, односно дека тој знае за напредокот и исходот од процесот, но не прецизира што конкретно е тој огромен успех.

— реклама —

Ковачевски и Османи да кажат кој е напредокот поради кој Бугарија се радува, а Македонија молчи?

Дали радоста во Бугарија е исполнување на сите бугарски барања и бришење на историјата, јазикот и идентитетот?

Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи?

— реклама —

Наместо да се крие и да бега од јавноста, веднаш да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет и јазик и од Бугарија и од ЕУ.

Доколку тој одбие тоа да го направи, отвора сериозен сомнеж дека се водат преговори кои се на штета на македонските национални интереси.

— реклама —

Дополнително, го повикуваме Бујар Османи да дојде во Собранието и да ги информира пратениците за текот на преговорите, како и за тоа кои се следните чекори.

Владата не смее да излезе надвор од црвените линии“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања