Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачки: Наместо три месеци Владата да работеше, таа три месеци ја тормозеше јавноста со зголемено мнозинство, а тоа мнозинство се виде дека не е зголемено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dragan01032023

Премиерот Ковачевски ја симна политиката на едно најниско можно ниво од формирањето на македонската демократија со тоа што го внесе своето семејство и членови на неговото семејство во политичкиот ринг, што е крајно недозволиво и невкусно, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска седница

— реклама —

Ковачки потенцираше дека три месеци наместо да се работеше на најавуваните реформи од страна на Владата на СДСМ и ДУИ тие три месеци ја тормозеа јавноста со зголемено мнозинство,

— реклама —

„Видовме дека мнозинството не е зголемено. Пред нас седи човек кој троши 26,000 евра за себепромоција затоа што очигледно дека нема друг начин како да допре до граѓаните па плаќа со народни пари по социјални мрежи сопствено рекламирање. Човек кој ги остави денес маркетите без леб а за тоа не носи никаква одговорност. Премиерот молчеше за предложените министри и заменици и не кажа ниту позитивен ниту негативен збор што е непочитување кон народните избраници“, рече Ковачки

— реклама —

Тој посочи дека на секојдневните дојави за бомби кои земаат огромна френкфенција и немаме училиште или институција која не ни е нападната условно кажана од дојавувачи за бомби а премиерот не носи никаква одговорност или преземање мерки за истото да се излечи таа причина.

— реклама —

„Премиерот поддржува министри кои го разградуваат одбранбениот и безбедносниот систем во целина, Премиер кој предлага заменик министер за одбрана за кој законски е спорно добивањето безбедносен сертификат државна тајна“, истакна Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања