Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ковачки: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации, народот продолжува и денес масовно на протестот „Ултиматум-Не благодарам"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски. Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова впрочем, вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ.

Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти.

Ковачевски и СДСМ треба да одговорат на следните прашања:

— реклама —

1. Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?

2. Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?

3. Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?

— реклама —

4. Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?

5. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?

6. Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?

7. Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња?

— реклама —

Одговорност мора да има за Оливер Спасовски.

Одговорност мора да има и за службениците што ги пречекорија своите овластува.

Почитивани граѓани,

— реклама —

Откако власта виде дека граѓаните, десетици и десетици илјади мирно и достоинствено кажаа не, без ниту еден отпушок или навреда кон полицијата, почнаа да смислуваат, а сега веќе и да спроведуваат сценарија со провокатори.

Ковачевски и Спасовски, не може да го разбиете единството на народот. Не може да ја уништите енергијата оти досега никој не победил народ.

Нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ.

Бугаризацијата и насилството се нивни, силата на мирниот народ и вистината се наши. Затоа ве повикувам и денес во 19 часот да се собереме пред платото на Владата во рамки на сенародните протести и преку МНР ќе се упатиме пред Собранието на Република Македонија каде масовно, мирно и достоинствено ќе кажеме „Ултиматум- Не благодарам““, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања