Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ковачки: Оставка од Шекеринска и одговорност за бламот кој и го приредија на Македонија пред НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kovacki18012021

Шекеринска и Пендаровски да не се кријат зад партиски соопштенија зад СДСМ и да одговорат кој и зошто ги прекршил процедурите при номинациите за воен претставник на Македонија во НАТО во Брисел. Земјата ја понижувате и срамите заради вашиот аматеризам, истакна Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки додаде:

— реклама —

Ова е блам пред НАТО и Шекеринска и Пендаровски треба да сносат одговорност.

Тие двајца ја понижуваат и Македонија и Алијансата, со самото тоа што две ипол години немаме наш воен претставник во НАТО. Четири години сте власт во државата, а се однесувате како да сте опозиција.

Јавноста мора веднаш да добие одговор на прашањата:

— реклама —

1. Дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда Претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници?

2. Дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира?

— реклама —

3. Ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување?

Ќе упатам и прашање и до СДСМ:

Кој ве повика да давате одговори во име на Министерството за одбрана и на Претседателот на државата? Каде почнуваат, а каде завршуваат надлежностите на партијата и каде почнуваат и каде завршуваат надлежностите на министерството?

— реклама —

Неодговарањето на прашањата од страна на институциите, е класично непочитување на демократските принципи за отчетност и одговорност и тоа во многу говори за капацитетот на лицето што ја води институцијата.

Бараме одговорност од Шекеринска и Пендаровски. Во секоја друга НАТО членка до сега ќе имавме оставка од министерот за одбрана.

Одговорност веднаш. Оставка на Шекеринска веднаш!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања