Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ковачки поднесе кривични пријави за Шекеринска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kovacki-11.02.2021

Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во министерството за одбрана, истакна на денешната прес конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки додаде:

— реклама —

Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и да содржини од класифицирани документи искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција.

Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната.

— реклама —

Цениме дека ваквиот, во континуитет незаконски однос кон класифицираните информации од страна на актуелен министер за одбрана којшто е платен и по закон е обврзан да ги чува и штити класифицираните информации е неприфатлив и бараме од ОЈО веднаш да пристапи кон своите законски надлежности и да поведе постапка пред надлежен Суд.

— реклама —

Од Шекеринска бараме одговорност и оставка веднаш!

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања