ВО ЖИВО

Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски

Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ковачки за Петровска: Ако немало хациенда, зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kovacki-petrovska

Постојат неколку купопродажни договори заверени на нотар кои покажуваат дека имотот за кој обвинува пратеникот Драган Ковачки сум го продала во 2009 година и на него не сум изградила никаква хациенда, изјави денеска министерката на одбрана по рочиштето во Граѓанскиот суд Скопје каде Петровска го тужи Ковачки за клевета.

— реклама —

„Денеска како што минатото рочиште најавивме, ги презентиравме доказите кои се официјални докази, кои се наоѓаат и во Катастар. Неколку договори купо-продажни со кои се гледа дека во минатото, не сега скоро, од 2009 година, јас сум го отуѓила тој имот без таму да има било каков имот односно така наречената хациенда. Денеска беа презентирани овие докази, беа дадени на одбраната да ги разгледа, за да се произнесе. Од овој договор овде, кој е нотарски заведен и спроведен во Катастар, неспорно е дека јас тој имот како недвижен, градежна парцела сум го поседувала, сум го отуѓила и потоа почнала градбата на објектот од денешните сопственици“, рече Петровска.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи каде вели дека во 2019 година е пристигната сметка за струја на име на таткото на министерката Петровска.

— реклама —

„Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се' повеќе.

Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда.

Ок.

Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта?

Зарем на земјиште (нива) без изграден објект - хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи?

Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен.

*Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка.

Еве ја сметката, нека види јавноста па нека демантира почитуваната“, вели Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања