„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачки: Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Замениците министри играат клучна улога во обезбедувањето на континуитетот и ефикасноста на министерствата. И секако имаат клучна улога во поддршката на министрите. Тие се столб на стабилноста и помош на министрите, но во нивно отсуство и на премиерот“, истакна пратеникот Драган Ковачки на денешната собраниска седница.

— реклама —

„Со нивниот денешен избор очекувам дека на министрите ќе им се олеснат спроведувањето на визијата, стратегијата и плановите односно спроведувањето на политиките и иницијативите кои што се од витално значење за нашите граѓани кои пак недвосмислено ни ја дадоа довербата“, појасни пратеникот.

Ковачки додаде дека граѓаните ДУИ и СДС заради погубните политики ги испратија во тешка опозиција.

— реклама —

„Замениците министри мора да бидат подготвени да понесат дел од товарот на секојдневното управување и да осигураат дека владините цели и програми ќе бидат реализирани“, нагласи тој.

„Затоа сме денес овде за да ја изразиме нашата поддршка за предложените и за многу брзо избраните кандидати за заменици министри во нашата Влада. Денес пред нас стои уште една важна одлука која ќе влијае на иднината на нашата држава. Изборот на заменици министри не треба да е само формалност туку е значаен чекор кон обезбедувањето на просперитет, стабилност и предвидливост за нашите граѓани“, порача пратеникот.

Ковачки посочи дека во време на глобални предизвици нашата способност да се адаптираме како држава и на тој начин да растеме е од суштинско значење.

„Замениците министри кои што се предложени со нивното искуство и знаење треба да ни помогнат да создадеме и поволна средина за инвестиции и за развој. Секој потег треба да биде насочен кон подобрување и олеснување на животот на нашите граѓани. Грижата за граѓаните и осигурувањето дека потребите и интересите на граѓаните ќе бидат дел од сите активности и политики на министерствата треба да биде една од нивните клучни улоги и приоритети“, истакна Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dragan-kovacki

Драган Ковачки го критикува обвинителството: „Нема храброст да покрене обвиненија“

Македонија | пред 3 месеци

Нема фотографија

Ковачки од Велес: Масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давковка

Македонија | пред 1 година

366531169_1034322597890552_6490382837454383521_n

АРМ ја губи огнената моќ, станува транспортна организација, вели Ковачки

Коментари | пред 2 години

New_VTNG_adjutant_general_moves_Macedonia_partnership_forward_130912-Z-DH905-323-960x638-1

Војската треба да се подготвува за вооружена борба, а не да биде чувар на затвори, вели Ковачки

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања